• четврток, 12 ноември 2026

Претседателот на Бангладеш, Мохамед Шахабудин, поднесе оставка

Претседателот на Бангладеш, Мохамед Шахабудин, поднесе оставка

Дака, 24 јули 2026 (МИА) - Претседателот на Бангладеш, Мохамед Шахабудин, поднесе оставка, објавија денес локалните медиуми.

Шахабудин, кој ја извршуваше функцијата претседател на оваа јужноазиска земја од април 2023 година, ја извршуваше функцијата и во периодот кога премиерката на Бангладеш, Шеик Хасина, беше соборена од власт во август 2024 година во протестите предводени од младите, по што беше формирана преодна влада, објавија британските медиуми.

Во Бангладеш, функцијата претседател е претежно церемонијална, додека извршната власт ја имаат премиерот и владата. сд/ми/

Фото:Претседателство Бангладеш