• недела, 22 септември 2024

Премиерот Мицкоски во посета на Кавадарци

Премиерот Мицкоски во посета на Кавадарци

Скопје, 21 септември 2024 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе биде во посета на општина Кавадарци каде ќе присуствува на поставување на камен темелник на Дом на култура со спортска сала во селото Дреново.

Проектот, како што информира владината прес-служба, ќе чини 25.000.000 денари.
 
Премиерот ќе изврши увид и во градежните активности на Дневниот центар за лица со телесна или ментална попреченост, а ќе присуствува и на презентацијата „Safe City“ во Кавадарци.

„Safe City“ е проект почнат во 2019 година со општински средства и досега се вложени 13.000.000 денари. Поставени се вкупно 220 камери. бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан