Прекин на водоснабдувањето на дел од Батинци поради уличен дефект
- Како што информираат од ЈП Водовод и канализација-Скопје, прекинот започнал во 11:15 часот и ќе трае до целосно санирање на дефектот.
Скопје, 7 јуни 2026 (МИА) - Поради дефект на улицата 6/70 во скопско Батинци, денеска е прекинато водоснабдувањето за корисниците од улиците 6 и 7.
Како што информираат од ЈП Водовод и канализација-Скопје, прекинот започнал во 11:15 часот и ќе трае до целосно санирање на дефектот. дма/
Фото: Архива