Почна проширување и реконструкција на дел од булеварот кај градскиот пазар во Куманово
- Почна реконструкција и проширување на дел од булеварот „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, во близина на градскиот пазар, соопштија денеска од одделението за комунални дејности.

Куманово, 1 јуни 2023 (МИА) - Почна реконструкција и проширување на дел од булеварот „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, во близина на градскиот пазар, соопштија денеска од одделението за комунални дејности.
Ангажирана е избраната компанија, која на терен ги почна активностите.
- Отпочнавме со подготовка за реконструкција на дел од „Трета МУБ“ и изградба на трета лента кај градскиот пазар. Проектот е финансиран од Општина Куманово согласно годишната развојна програма и буџетот, објави кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.
Согласно договорот покрај реконструкцијата и проширување на булеварот кај градскиот пазар се реконструира и улицата „Страшко Симонов“. За оваа намена од општинскиот буџет одвоени се 11.594.793.87 со вклучен данок на додадена вредност. Договорот со избрана кумановска компанија е склучен кон крајот на март, годинава.
Претходно, од ЈП „Пазаришта“ информираа дека и тезгите наменети за продажба на цвеќе ќе се алоцираат во внатрешноста на претпријатието каде е адаптиран нов покриен простор. ам/цр
Фото: ФБ Максим Димитриевски