• понеделник, 23 септември 2024

Пожар во угостителски објект во центарот на Охрид

Пожар во угостителски објект во центарот на Охрид

Охрид, 22 септември 2024 (МИА) – Пожар поладнево избувна во угостителски објект во центарот на Охрид, на самиот Градски плоштад.

Пламенот избувна во оџакот на објектот, што благодарение на брзата интервенција на вработените од околните објекти беше локализиран односно беше спречено ширење на пламенот.

На лице место пристигна и екипа на Територијалната противпожарна единица, така што веќе пламенот е изгаснат и избегната е поголема материјална штета.

Нема повредени во пожарот. аб/aa/

Фото/МИА

Тагови

Остани поврзан