• сабота, 15 август 2026

Пожар во Охрид, гори борова шума во непосредна близина на населбата „Бараки“

Пожар во Охрид, гори борова шума во непосредна близина на населбата „Бараки“

Охрид, 15 јули 2026 (МИА) - Пожар попладневно избувна на падините на планината Петрино, во непосредна близина на охридската населба „Бараки“, во северниот дел на градот.

Веднаш по појавата на пламенот на интервенција се испратени три екипи на Територијалната противпожарна единица од Охрид, но интензитетот на пламенот е доста силен, а состојбата дополнително ја влошува интензивниот ветар што придонесува за неконтролирано ширење на пожарот.

Во тек се активности за ангажирање дополнителни екипи шти би се вклучиле во гаснењето на пожарот. 

Не се познати причините за избувнувањето на пожарот, но во најголем број случаи тоа е човечки фактор. аб/лв/

фото/скриншот

Тагови