Пожарот кај село Бајково на Огражден е ставен под контрола
- Шумскиот пожар, кој избувна вчера попладне кај селото Бајково,во Општина Ново Село и се закануваше да се прошири и да ја зафати тамошната црква, е ставен под контрола, објави градоначалникот на Ново Село, Ѓорѓе Божинов
Ново Село, 15 јули 2026 (МИА) - Шумскиот пожар, што избувна вчера попладне кај селото Бајково, во Општина Ново Село и се закануваше да се прошири на падините на Огражден и да ја зафати тамошната црква, е ставен под контрола, објави градоначалникот на Ново Село, Ѓорѓе Божинов.
Тој информирашe дека утрово се одржаl состанок на Кризниот штаб на кој се договориле следните чекори за локализирање на пожарот кај Бајково.

- Благодарение на двата авиони ер трактори од Дирекцијата за заштита и спасување, екипите на ТППЕ Струмица, ЈП „Македонски шуми“ и ДПД „Рис-Оперативци“, пожарот е ставен под контрола, а од рано утрово екипите се повторно на терен со цел да се спречи понатамошно ширење, објави Божинов.
Инаку, според утринската информација од Центарот за управување со кризи (ЦУК) пожарот кајн Бајковo е единствен активен на територијата на државата, а 14 други пожари се изгаснати.рт/са/
Фото: ТППЕ Струмица и Општина Ново Село