Пожарот кај село Бајково на Огражден повторно се активираше, три ер трактори се упатени да го гаснат
- Шумскиот пожар, кој избувна вчера попладне кај селото Бајково, на планината Огражден, во Општина Ново Село, повторно се активираше откако претпладне беше објавено дека е ставен под контрола.
Ново Село, 15 јули 2026 (МИА) - Шумскиот пожар, кој избувна вчера попладне кај селото Бајково, на планината Огражден, во Општина Ново Село, повторно се активираше откако претпладне беше објавено дека е ставен под контрола.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДСЗ), Стојанче Ангелов информираше дека заради реактивирање на пожарот над село Бајково три ер трактори полетале кон местото на пожарот.
Во гаснењето, покрај ер тракторите, учествуваат и екипи на ТППЕ Струмица, ЈП „Македонски шуми“ ДПД „Рис-Оперативци“ од Ново Село, Шумска полиција и повеќе доброволци.
Вчера пожарот, кој зафати ниска вегетација и мешана шума, се прошири и се закануваше да ја зафати тамошната црква, но со крајни напаори тој беше локализиран и црквата беше спасена.
Според Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска до 13:00 часот, се регистрирани вкупно 3 пожари на отворен простор, од кои активен е еден пожар, под контрола е еден, а изгаснат е еден пожар.рт/лв/
Фото: ТППЕ Струмица