• вторник, 18 ноември 2025

Ојарзабал: Шпанија не ги искористи своите шанси против Грузија толку ефикасно колку што можеше

Ојарзабал: Шпанија не ги искористи своите шанси против Грузија толку ефикасно колку што можеше

Елче, 12 октомври 2025 (МИА) - Шпанскиот фудбалер Микел Ојарзабал беше самокритичен по синоќешниот натпревар со Грузија (2:0) во квалификациите за Светското првенство во 2026 година.

- Знаевме дека Грузија ќе се брани со сета своја сила, а тоа ќе ги отежни работите. Едноставно не ги искористивме нашите шанси толку ефикасно колку што можевме, бидејќи во суштина го контролиравме натпреварот од почеток до крај. Ни недостасуваа неколку играчи, но нашата сила е во тимската игра, рече Ојарзабал по натпреварот одигран синоќа во Елче.

Шпанија е лидер во Групата Е со 9 бода. Грузија е трета со 3 бода. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан