• понеделник, 23 јуни 2025

Отворена манифестацијата ,,Денови на културата во општина Илинден 2025“

Отворена манифестацијата ,,Денови на културата во општина Илинден 2025“

Скопје, 14 мај 2025 (МИА) – Со проекција на филмот „Снежана на крајот умира“ започна манифестацијата „Денови на култура во општина Илинден 2025“. Македонскиот филм во режија на Кристијан Ристевски беше проектиран вчера вечер, а граѓаните имаа можност да ја проследат комедијата во која глумат Сашко Коцев, Тони Михајловски, Валентин Костадиновски и други.

– Манифестацијата продолжи и денес со низа настани во Домот на култура. Се одржа промоција на книгата „Проникнување на тишината“ во авторство на реномираната хрватско-македонска поетеса Љерка Тот Наумовска. Промотор на книгата беше Ѓуро Видмановиќ, истакнат хрватски поет, прозаист, книжевен критичар, преведувач, историчар и дипломат. Манифестацијата продолжи со литературно матине за деца каде настапија истакнати писатели за деца и млади, информираат од Општината.

Градоначалникот Александар Георгиевски денеска на учениците од основните училишта им доделил пофалници за најуспешни поетски творби. 

Манифестацијата продолжиува со ликовна изложба и музички колаж, а централната манифестација ќе се одржи утре во 19 часот во Кино салата во Домот на културата. ра/бак/

Фото: Општина Илинден

 

Остани поврзан