Општина Штип распиша повик за стипендирање на млади спортисти
- Општина Штип и годинава распиша јавен повик за доделување на стипендии од областа на спортот како директна поддршка на младите и талентирани спортисти од општина Штип. Во писменото соопштение од општина Штип се наведува дека стипендиите ќе бидат наменети за ученици-спортисти, кои активно се натпреваруваат во индивидуални спортови и ученици-спортисти кои се натпреваруваат во екипни спортови.
Штип, 16 јуни 2026 (МИА) - Општина Штип и годинава распиша јавен повик за доделување на стипендии од областа на спортот како директна поддршка на младите и талентирани спортисти од општина Штип.
Во писменото соопштение од општина Штип се наведува дека стипендиите ќе бидат наменети за ученици-спортисти, кои активно се натпреваруваат во индивидуални спортови и ученици-спортисти кои се натпреваруваат во екипни спортови.
-Јавниот повик се однесува за доделување на стипендии за ученици спортисти во индивидуални спортови и ученици спортисти во екипни спортови, кои учат во основните и средните училишта на подрачјето на општина Штип, жители на општина Штип-информираат од општина Штип.
Првата стипендија е за освоени 91 до 100 бодови во износ од 7.000 денари месечно, во времетраење од 12 месеци. Втора категорија од 81 до 90 бодови, 6.000 денари, трета категорија од 71 до 80 бодови, износ од 5.000 денари, четврта категорија 61 до 70 бодови износ од 4.000 денари и петта категорија за освоени 60 бодови во износ од 3.000 денари.
Сите стипендии се исплаќаат месечно во времетраење од 12 месеци.
Рокот за пријавување изнесува 10 работни дена од денот на објавување на повикот. Јавниот повик е објавен вчера на 15 јуни 2026 годна и трае заклучно со 26 јуни 2026 година. вдј/са/
Фото: МИА