• недела, 16 август 2026

Општина Струга подготвува Градска плажа

Општина Струга подготвува Градска плажа

Струга, 10 јули 2026 (МИА) - Општина Струга исчисти и уреди дел од крајбрежјето кој ќе биде наменет за Градска плажа.

Општинската прес-служба информира дека тоа е само прв дел од идната градска плажа, а јавниот простор најавуваат дека постепено ќе прерасне во уредено и достоинствено место за сите граѓани.

- Го исчистивме и уредивме просторот. Направени се услови за граѓаните да имаат можност да го користат јавниот простори и да уживаат. Ова е само почеток. Пред нас има уште многу работа, но нашата определба е јасна – да создаваме уредени, безбедни и достапни простори што ќе останат во служба на граѓаните, велат од Општина Струга. сс/дма/

Фото Општина Струга