• четврток, 28 март 2024

Општина Дебар првпат со посебен проект за безбедност при работа на административците

Општина Дебар првпат со посебен проект за безбедност при работа на административците

Дебар, 1 јуни 2023 (МИА) - Општина Дебар за првпат се обврза да подготви посебна  програма која ги предвидува сите елементи на безбедност при работа за административците, информираа од локалната власт.

-Безбедноста при работа е важен фактор за функционирање на администрацијата во секоја институција. Поради тоа ќе биде имплементиран посебен план, кој предвидува евакуација, обука за справување со катастрофи кои можат да се случат во општинскиот објект (пожар и сл.), стои во објавата на општината на Фејсбук.

Се додава дека сите активности се предвидени и имплементирани со специјална инструкција подготвена од фирмата која го доби тендерот за подготовка на сите сегменти од процесот за безбедност при работа.

-Тендерираната фирма е „Електродепо“ со менаџерот Арменд Каса, која со голема професионалност ќе се погрижи да ги спроведе сите фази на обука на административниот персонал во евентуални исклучителни случаи. Во таа насока беше одржана и првата од повеќето обуки, додаваат од општина Дебар. вт/лв/

 

ФОТО: општина Дебар 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан