• недела, 16 август 2026

Општина Василево по четврти пат обезбеди парична помош од 2500 денари за секое прваче

Општина Василево по четврти пат обезбеди парична помош од 2500 денари за секое прваче

Василево, 17 јули 2026 (МИА)-Четврта година по ред Василево обезбедува парична помош за првачињата од својата Општина, објавија од локалната самоуправа.

Се додава дека така Општината се грижи за младите семејства и презема мерки кои ги стимулираат најмладите и нивните родители мотивирани и подготвени да влезат во новата учебна година.

- Првиот училишен ден за секое прваче, значи неизмерна радост и возбуда, но исто така и за нивните родители бидејќи нема поголема гордост од нашите деца. Тој мора така да се запамети, но не по финасиски грижи, се наведува во објавата.

Според Одлуката на Советот на општина Василево донесена на десетата редовна седница, од Буџетот на општина Василево за 2026 година, за семејства со прваче со постојано живеалиште на родителите на подрачјето на Општината ќе бидат обезбедени и исплатени средства во износ од  2 500 денари. Ова се однесува на сите родителите со место на живеење на територијата на општина Василево чие дете прв пат ќе биде запишано во прво одделение во учебната 2026/2027 година.

Комплетната документација  се доставуваат до архивата на општина Василево најдоцна до 30 септември 2026 година.рт/вг/

Фото: Општина Василево