• недела, 16 август 2026

Нивото на водата во Охридското Езеро 14 сантиметри над просекот за јули

Нивото на водата во Охридското Езеро 14 сантиметри над просекот за јули

Охрид, 15 јули 2026 (МИА) - Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата 693,72 метри надморска височина, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Тоа е за 14 сантиметри над просекот за јули утврден на 693,58 метри надморска височина или 62 сантиметри над дозволениот минимум (693,10).

Температурата на водата е 23,5 степени Целзиусови и е идентично на месечниот просек. аб/дма/

Фото: МИА архива