• вторник, 16 април 2024

НБА: Грифин пред промоција на клупата на Милвоки

НБА: Грифин пред промоција на клупата на Милвоки

Њујорк, 28 мај 2023 (МИА) – НБА-лигашот Милвоки планира да го ангажира 48-годишниот Адријан Грифин за свој нов тренер, јавија денеска американските медиуми.

Грифин на клупата на Милвоки ќе го замени Мајк Баденхолцер, кој доби отказ на почетокот на овој месец.

Последните пет сезони Грифин беше помошник тренер во Торонто, освојувајќи ја НБА титулата со канадската екипа во 2019 година.

Милвоки го заврши регуларниот дел од оваа сезона во НБА лигата со најдобар ефект, но веќе на стартот од разигрувањето во плејофот беше елиминиран од Мајами со 4-1.

Неуспехот беше кобен за Баденхолцер, кој пред две години ја освои шампионската титула со Милвоки и два пати беше прогласуван за тренер на годината во најсилната кошаркарска лига во светот. ег/ссм/

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан