Најуспешните ученици од општина Илинден и оваа година на летен камп во Охрид
- Општина Илинден и оваа година ја продолжува традицијата на организирање летен училишен камп за најуспешните ученици од општинските основни училишта. Како признание за нивниот труд, посветеност и постигнати резултати, учениците престојуваат во Охрид, еден од најатрактивните туристички центри во државата, се наведува во соопштението на Општината.
Скопје, 16 јуни 2026 (МИА) - Општина Илинден и оваа година ја продолжува традицијата на организирање летен училишен камп за најуспешните ученици од општинските основни училишта. Како признание за нивниот труд, посветеност и постигнати резултати, учениците престојуваат во Охрид, еден од најатрактивните туристички центри во државата, се наведува во соопштението на Општината.
Летниот камп, се додава во соопштението, се реализира во рамки на Програмата за работа на градоначалникот Александар Георгиевски и Стратешкиот план за развој на Општина Илинден 2022–2026, со цел поттикнување на образовниот развој, мотивацијата и личниот напредок на младите.
За време на нивниот престој во Охрид, учениците ги посетил градоначалникот Георгиевски, кој им честитал за остварените резултати и им посакал уште многу успеси во иднина.
-Во непосредна и пријатна атмосфера, тој истакна дека токму знаењето, трудот и истрајноста се вредности кои отвораат нови можности и заслужуваат да бидат препознаени и наградени, соопштуваат од Општината.
Со ваквите проекти, се додава во соопштението, Општина Илинден континуирано вложува во младите генерации, поттикнувајќи ги да се стремат кон нови знаења и достигнувања.
-Грижата за младите и нивниот развој останува еден од врвните приоритети на локалната самоуправа, која и во иднина ќе продолжи да создава можности за нивна мотивација, едукација и напредок - нагласуваат од Општината. ац/
Фото: Општина Илинден