• четврток, 28 март 2024

Без струја дел од општините Центар, Кисела Вода, Чучер-Сандево и Ѓорче Петров

Без струја дел од општините Центар, Кисела Вода, Чучер-Сандево и Ѓорче Петров

Скопје, 1 јуни 2023 (МИА) - Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без струја ќе останат дел од општините Центар, Кисела Вода, Чучер-Сандево и Ѓорче Петров.

Од 08:30 до 11:00 часот електрична енергија нема да имаат корисниците од улиците „Ѓорѓи Сугаре“ и „Петар Делјан“ во Кисела Вода, од 09:00 до 12:00 часот корисниците од селата Дoлно Блаце и Горно Блаце, како и објектите на Граничниот премин - Блаце, од 11:30 до 14:30 часот корисниците од улиците „Козара“, „Васил Ѓоргов“ и „Адам Мицкиевич“ во Центар, а од 12:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од улиците „Радушка“, „Црногорска“ и „Македонска Преродба“ во Ѓорче Петров. мч/са/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан