• сабота, 20 април 2024

Натпревар по прва помош во Куманово

Натпревар по прва помош во Куманово

Куманово, 29 мај 2023 (МИА) - Општинската организација на Црвениот крст Куманово денеска организираше општински натпревар по прва помош на која учествуваа единаесет екипи од основните и средните училишта од градот. Натпреварот беше во категорија подмладок и млади.

-Натпреварот се одвиваше на три траектории со по три повреди, пункт за дисеминација и забавен пункт. Екипата од клубот на млади во категорија млади се покажа како најуспешна и го освои првото место, додека во категорија подмладок првото место го освои екипата од „Браќа Миладоновци“, изјави секратерот на Црвениот крст, Ива Крстевска.

На натпреварот учество земаа вкупно единаесет екипи од кои шест од средните училишта од Куманово „Киро Бурназ“, „Наце Буѓони“, „Гоце Делчев“, „Наце Буѓони“, албански паралелки, „Сами Фрашери“ и екипа од клуб на млади од Цревниот крст Куманово и пет екипи од основните училишта „Толи Зордумис“, „Браќа Миладиновци“, „Кочо Рацин“, „Христијан Карпош“ и „ Бајрам Шабани“.

На првопласираните екипи од двете категории, Црвениот крст им додели пехар и дипломи, како и дипломи за второ и трето место, а на останатите екипи благодарници за учество на натпреварот. Младите волонтери придонесоа за поуспешна реализација на натпреварот.

Првопласираната екипа по прва помош од клубот на млади ќе земе учество на Државниот натпревар по прва помош што ќе се одржи во септември 2023 година.am

Фото: Црвен Крст Куманово

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан