• петок, 15 мај 2026

Набргу електронски ќе се издаваат потврдите за извоз на тутун и вино

Набргу електронски ќе се издаваат потврдите за извоз на тутун и вино

Скопје, 6 мај 2026 (МИА) - Многу бргу се очекува електронски да се издаваат потврдите за извоз на тутун и вино. Министерот за дигитална транформација Стефан Андоновски вели дека процесот е во фаза на тестирање. Очекува голем интерес како од страна на производителите така и од страна на извозниците. 

- Со Инспекторатот за земјоделство многу бргу почнуваме со издавање на потврдите за извоз на тутун и вино, кои многу се користат затоа што за секоја серија се бара нова потврда. Во завршна фаза и тестирање сме на оваа услуга. Очекувам огромен интерес од страна на производитеите и извозниците - изјави денеска министерот Андоновски, кој присуствуваше на Третата регионална конференција на сметководителите и овластените сметководители.

Андоновски најавува дека набргу електронски ќе се врши и пријавувањето новороденче, со тоа што првично најавуваниот рок од 48 часа за издавање на изводот е скратен на 24 часа. 

- Паралелно со тоа работиме и со Фондот за здравствено осигурување по автоматизам да се активираат здравственото осигурување за новорденчиња и социјалната помош за новороденчиња - рече Андоновски. 

Андоновски е задоволен од националниот портал uslugi.gov.mk каде што, како што посочи, се бележи раст на бројот на трансакции од 150 проценти на месечно ниво.

- Бројот на приклучени институции од приватниот и од државниот сектор од 30 до 35 институции во 2024 година денес достигнува бројка од речиси 90 институции и компании. Како што знаете, порталот го отворивме и за приватните компании, пријавувањето е бесплатно, а споделувањето информации е безбедно, заштитено со закон и на платформа што не дозволува обелоденување информации - нагласи Андоновски. бак/вј/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан