• сабота, 20 април 2024

МТСП ги одзеде ингеренциите на општина Куманово за градинаката „Ангел Шајче“, Димитриевски ќе се жали пред суд

МТСП ги одзеде ингеренциите на општина Куманово за градинаката „Ангел Шајче“, Димитриевски ќе се жали пред суд

Куманово, 31 мај 2023 (МИА) - Министерството за труд и социјална политика ги одзеде ингеренциите на општина Куманово за поставување директор на градинката „Ангел Шајче“, соопшти на денешната прес-конференција кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски. Тој најави дека решението ќе го обжали пред надлежен суд.

-Во текот на вчерашниот ден до Општина Куманово пристигна решение од Министерството за труд и социјална политика на коешто е потпишана ресорната министерка дека се одземаат ингеренциите на Општина Куманово за поставување и разрешување на директор во ЈОУ Детска градинка „Ангел Шајче“ и исто така за поставување и разрешување на в.д. директор во оваа институција, изјави Димитриевски.

Тој кажа дека е разочаран и според него се повторува историјата.

-Оваа централна власт не се согласува со неистомислениците, секогаш мора да се работи по нивен диктат и ова е најгрубо кршење на децентрализацијата во државата. Со ова само потврдуваат уште еднаш дека имаат за намера спротивно статутот на оваа институција да постават директор во истата институција која веќе незаконски е околу 20 години директор на ЈОУ Детската градинка Ангел Шајче, кажа Димитриевски.

На прес-конференцијата кажа дека ќе ги искористиме сите правни средства, решението ќе го обжали пред надлежен суд и дополни дека ќе се залага за поголема децентрализација.

- Сметаме дека оваа јавна институција заслужува да има подеднаков третман како и останатите и да излезе од партиските пранги кои во моментот сè се поцврсти, изјави Димитриевски.ам/


Фото: МИА

Остани поврзан