• сабота, 28 септември 2024

Млади од Неготино учеа да дебатираат и учествуваа на државно дебатно првенство

Млади од Неготино учеа да дебатираат и учествуваа на државно дебатно првенство

Неготино, 11 јуни 2024 (МИА) - Млади од општина Неготино со месеци  учеа како аргументирано да дебатираат на различни теми и деновиве  учествуваа на државно дебатно првенство, информираше денеска Кристина Тодорова, граѓански активист и локален координатор на Младински образовен форум. 

- Средношколци од неготинското општинско средно училиште ,,Свети Кирил и Методиј" учеа како да дебатираат на разни теми што ги засегаат младите, да се стекнат со знаења за да ги знаат своите права. Истовремено, имаа можност да се обучат како да изработуваат проекти и со нив да аплицираат пред домашни и меѓународни фондови за развој на младинскиот активизам, соопшти Тодорова. 

Таа се осврна и на многубројни други активности во локалната канцеларија на МОФ, какви што има уште во неколку други општини низ државата, а најави и нови проекти за во иднина. 

Локалната канцеларија на МОФ функционира во склоп на просториите на регионалното здружение на граѓани ,,Ековита" во Неготино. 

- Ми претставуваше огромна чест да бидам судија на овој натпревар за дебата. Натпреварот беше исполнет со инспиративни дискусии, високо ниво на аргументација и вистински интелектуален предизвик. Имав можност да ги следам извонредните учесници и да го вреднувам нивниот труд и посветеност. Благодарен сум за ова незаборавно искуство кое несомнено ќе има големо влијание врз мојот личен и професионален развој, рече средношколецот Кирил Димитров. 

Тодорова појасни  дека на 25 годишнината од МОФ, на овогодинешното национално дебатно првенство, учествувале повеќе од 50 тима од целата држава. Турнирот бил организиран во рамки на проектот на USAID за медиумска писменост. свд/са/


Фото : МИА архива и ,,Ековита"

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан