• недела, 16 август 2026

Младите македонски ракометари по изведување пенали поразени од Полска

Младите македонски ракометари по изведување пенали поразени од Полска

Клуж, 17.јули 2026 (МИА) – Младинската македонска репрезентација денеска е поразена од Полска со 33:32 по изведување на пенали на Европското првенство за ракометари до 20 години.

Во изедначен натпревар македонските млади ракометари имаа постојано водство во првиот дел, а на полувреме беше 16:15. Во вториот дел резултатски повторно предноста беше за македонскиот тим, но завршницата сепак мина со минимална предност на Полска, која поведе со 28:25. Сепак во завршницата македонските ракометари преку Поповски, Тевдовски и Крстевски се изборија за продолжение.

Во пенал рулетот за македонскиот тим головите ги постигнаа: Крстевски, Ѓокески, Лазов, Тевдовски, додека ударот на Каевски не реализираше, а Полска постигна голови од сите седмерци.

Утре македонската репрезентација ќе игра со поразениот од дуелот Србија – Летонија во натпревар за 19.место мн/

Фото: Фејсбук РФМ