• понеделник, 23 септември 2024

Министерството за здравство на Либан соопшти за убиство на три лица во израелски напади

Министерството за здравство на Либан соопшти за убиство на три лица во израелски напади

Бејрут, 22 септември 2024 (МИА) - Министерството за здравство на Либан денеска соопшти дека три лица загинале во одделни израелски напади на југот на земјата, каде, како што рече Израел, мета биле цели на Хезболах.

Во три одделни изјави, Министерството соопшти дека три жртви биле убиени во три села во јужен Либан. Исламистичката организација Хезболах објави дека двајца нејзини борци се убиени, но не соопшти каде.

Дополнително, беше соопштено дека беспилотни летала со експлозив биле испукани на две позиции на израелски војници на северот на Израел и дека ова е одговор на израелските напади на југот на Либан.

Утрово Хезболах објави дека истрелал десетици ракети врз воено производствени капацитети и врз воздухопловна база во близина на израелскиот град Хаифа, на околу четириесет километри од границата со Либан. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан