Министерот Шаќири на билатерални средби во рамки на скрининг процесот во Брисел
- Во рамки на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија, министерот за образование и наука Јетон Шаќири од денеска е во тридневна работна посета на Брисел, каде ќе се одржи билатерален скрининг за Поглавје 26 - Образование, култура, млади и спорт и за Поглавје 20 - Индустриска сопственост.

Скопје, 29 мај 2023 (МИА) - Во рамки на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија, министерот за образование и наука Јетон Шаќири од денеска е во тридневна работна посета на Брисел, каде ќе се одржи билатерален скрининг за Поглавје 26 - Образование, култура, млади и спорт и за Поглавје 20 - Индустриска сопственост.
Како што соопшти МОН; на билатералните средби министерот Шаќири ќе даде целосен преглед на реформите во контекст на евроинтеграциските процеси, како и за подготвеноста на државата да биде активен чинител во европските истражувачки мрежи.
-Модернизацијата и унапредувањето на образованието и науката се основа за градење креативен и квалитетен човечки капитал како услов за развој и просперитет на демократското општество, се наведува во соопштението на Министерство за образование и наука. хс/лв/
Фото: МИА архива