• среда, 25 септември 2024
МИА Флеш

24 септември 2024

 - Утре, претежно во северните делови, ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Од четврток до сабота ќе преовладува сончево и топло време, а промена на времето и пад на
дневната температурита се очекува од недела.

- Очекувам тоа што е договорено да биде и почитувано. Мерката треба да стартува денеска и очекувам намалување од најмалку 10 проценти, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, во однос на стапувањето во сила на ограничените профитни маржи за 73 прехранбени производи од есенската потрошувачка кошница.

- Пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија покажуваат дека во септември минималните трошоци на едно четиричлено семејство изнесуваат 61.306 денари што е зголемување за 107 денари во однос на август кога истите трошоци изнесувале 61.199 денари.  

- Раст да платите во јавната администрација се предвидени за идната година,  во тек е подготовка на работна верзија која наредниот ќе треба да ги помине сите процедури, најави премиерот Христијан Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на нова спортска сала во подрачното училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“.

- Народниот правобранител започнува значаен проект за соработка со невладиниот сектор и УНДП, со цел подобрување на состојбата во областа на еколошката правда. Соработката ќе се формализира преку потпишување на меморандум, што ќе овозможи заедничко делување и упатување препораки до надлежните органи во однос на заштитата на животната средина и подобрување на состојбите.

- Министерот за правда Игор Филков  денеска остварил средба со амбасадорката на Кралството Холандија во нашата земја Узлем Џанел. Филков и Џанел, како што соопшти Министерството за правда, разговарале за можностите за продлабочување на  соработката, за меѓусебната поддршка во клучните процеси, како и за активностите  кои ќе ги преземе Министерството за правда во наредниот период, а се однесуваат на реформи во правосудството со цел да се зголеми довербата на граѓаните и да се изгради поцврст правен систем.

 - Косовскиот премиер Албин Курти денеска во Бањска изјави дека минатогодишниот напад на вооружена група локални Срби врз косовската полиција во ова село беше „терористички чин на агресија против територијалниот интегритет на Косово“ и дека оние кои стојат зад тој напад, се „подготвени за поширок и подолг конфликт“, јави Бета.

 – Повеќе од 250 жени лидерки и бизнисменки од земјава, Португалија, Црна Гора, Хрватска, Србија, Словенија, Австрија, Косово, Турција, Индија и Египет ќе учествуваат „Eкономски форум на жени лидерки - Women Economic Forum - Balkans 2024“, настан што ќе се одржи средната следа и четврток во Скопје во организација на Здружението на жени менаџери ЕЛИТ, Скопје и Г100 Крилото за комуникација, застапување и медијација за Македонија, под глобалната франшиза на Women Economic Forum (WEF) и мисијата Г100 Милион.

- СВР Битола до Основните јавни обвинителства во Битола, Прилеп, Ресен и Кичево поднесе кривични пријави против осум лица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување на општа опасност“ сторени во периодот од 15 јуни до 23 септември.

- Само во Битола може големиот кинематографер и оскаровец Данте Спиноти да ви се доближи и да ви посака добар апетит и пријатна вечера, истакна на прес-конференција младиот кинематографер Грим Вандекеркхов, импресиониран од учеството на ИФФК „Браќа Манаки“.

– На генералниот секретар му стојам на располагање во секое време, каде било, за да се сретнам и со лидерот на кипарските Турци и со турската делегација. Генералниот секретар веќе подолго време презема напори во оваа насока, кои се надевам дека ќе вродат со плод. Повторувам, од наша страна сме подготвени во секое време, рече претседателот на Република Кипар Никос Христодулидис по средбата со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, јави дописничката на МИА од Атина.

 – Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ја доби наградата „Глобален граѓанин“ („Global Citizen“) за 2024 година од Атлантскиот совет и посочи дека „наградата, пред сè, му припаѓа на грчкиот народ за неговата издржливост и истрајност и за она што го постигна во последните години“, јави дописничката на МИА од Атина.

 – За време на својата посета на САД, украинскиот претседател Володимир Зеленски од претставниците на бизнис заедницата побара инвестиции во загрозениот енергетски сектор на неговата земја, јави ДПА.

 – Шеснаесет лица се повредени во руски воздушен напад врз јужниот украински град Запорожје, соопштија денеска локалните власти. Според информациите на украинските медиуми, тоа, наводно, било првпат градот да биде цел на таканаречените глајд-бомби.

– Украинското Министерство за одбрана, во соработка со органите за спроведување на законот и антикорупциските агенции, откри нелегални активности на десетина бизнисмени кои се збогатиле на сметка на вооружените сили, објави украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров во напис за „Форбс-Украина“, пренесе Укринформ.

- Кремљ денеска предупреди дека е можно израелските напади врз цели на либанската шиитска група „Хезболах“ во Либан да го дестабилизираат Блискиот Исток, пренесоа британските медиуми.  - Русија е многу вознемирена од развојот на ситуацијата, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

 – Либанската шиитска група „Хезболах“ денеска соопшти дека ноќеска извршила неколку напади против израелски воени локации, вклучително и фабрика за експлозиви на 60 километри од границата со Либан, јави ДПА.

- Безбедносните служби на Меѓународниот аеродром во Јоханесбург - еден од најпрометните во Јужна Африка, уапсиле жена на која со рендгенски снимки ѝ биле пронајдени 68 капсули кокаин во стомакот, со вкупна тежина од околу 850 грама. Потоа таа е обвинета за криумчарење дрога.

- Алкохолот најверојатно нема да се продава на Светското фудбалско првенство во 2034 година. Пиењето алкохол е нелегално во Саудиска Арабија. „Sky Sports“ забележува дека не се планира да се олабават законите навреме за Мундијалот по 10 години.

Тагови

Остани поврзан