• петок, 19 април 2024
МИА Флеш

29 мај 2023 

- Министерот за надворешни работи Бујар Османи од денеска престојува во работна посета на Словачката Република, каде што ќе учествува на безбедносниот форум ГлобСек 2023.
 
Османи, како што соопшти МНР, ќе има свое обраќање на панелот посветен на иднината на проширувањето на Европската Унија, а ќе учествува и на неколку други тркалезни маси и панел дискусии. 
 
На агендата на Османи во Братислава се и бројни билатерални средби со свои колеги, на маргини на форумот.

- Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ оцени дека ситуацијата на Косово е „последица на постојаната ескалација што ја прави косовскиот премиер Албин Курти“, како и на „деескалацијата на која работи дел од меѓународната заедница“.

„Резултатот од тоа е подмолен план, а тоа е дека на Курти му се дозволува да направи нешто, меѓународната заедница како нешто реагира... Сите сега реагираат против Приштина поради тоа што го направија, вклучително и Кфор. Улогата на Кфор не е да се буни, туку да го оневозможи тој едностран чин“, изјави Дачиќ за РТС.

Според него, Кфор денеска ги штити новоизбраните градоначалници од „сопствениците“ на општинските згради - Србите кои се вработени таму.

- Во неколку основни училишта низ Србија од утрово пристигнуваат дојави за бомби, јави Нова.рс.

Како што пренесува Н1, во тек е увид во некои училишта, по што ќе се знае дали учениците ќе влезат во училниците.

За некои училишта веќе е утврдено дека се работи за лажни дојави.

Дојави за бомби утрово добиле и две основни училишта во Крагуевац.

- Косовската полиција утрово фрли солзавец кон вработените во општина Звечан кои во неколку наврати се обидоа да влезат во зградата.

Како што јави Радио-телевизија Србија, вработените во неколку наврати се обиделе да го пробијат кордонот на специјалните единици на косовската полиција стационирани пред влезот на зградата.

Вработените во таа општина претходно беа пропуштени од војниците на КФОР, кои од утрово се распоредени пред општинската зграда, вооружени и со опрема да ги разбијат демонстрациите.

Претставниците на Српската листа, Горан Ракиќ, Игор Симиќ и Драгиша Миловиќ пристигнале пред  зградата и разговараат со претставници на косовската полиција, јавува РТС.

- Четири лица загинаа во бродска несреќа на езерото Маџоре во северна Италија, соопштија утрово противпожарната бригада и италијанската новинска агенција АНСА.

Како што пренесе ДПА, пожарникарите првично соопштија дека три тела биле извлечени откако брод се превртел на јужниот крај на езерото во близина на градот Лисанца, на околу 50 километри северозападно од Милано.

Новинската агенција АНСА подоцна соопшти дека четвртото тело било пронајдено на длабочина од 16 метри блиску до потонатиот брод, додавајќи дека се верува дека нема други исчезнати лица.

- Претседателот на САД, Џо Бајден синоќа пред полноќ му ја честита победата на Реџеп Таип Ердоган и повторниот избор за претседател на вториот круг избори во Турција. 

„Со нетрпение очекувам продолжување на заедничката работа како сојзуници во НАТО, во однос на билатерални прашања и општите глобални предизвици“, напиша американскиот претседател на Твитер, не напоменувајќи за неодамнешните тензии меѓу Вашингтон и Анкара. 

Државниот секретар Ентони Блинкен исто така го поздрави изборот на Ердоган, нарекувајќи ја Турција „ценет сојузник и партнер во НАТО“. 

„Со нетрение очекувам продолжување на нашата заедничка работа со владата избрана од турскиот народ“, напиша тој на Твитер денеска. 

- Американскиот претседател Џо Бајден потврди дека постигнал договор со претседателот на Претставничкиот дом на републиканците, Кевин Мекарти за зголемување на границата на долгот од 31,4 билиони долари до 1 јануари 2025 година и дека Конгресот сега може да гласа за тоа.

„Овој договор е добра вест за американскиот народ“, изјави Бајден во Белата куќа по разговорот со Мекарти. „Со тоа се симнува од маса катастрофалната закана од банкрот и го штити нашето тешко стекнато и историско економско закрепнување“, додаде Бајден.

Договорот за јавниот долг, кој ја спречува владата да прогласи банкрот, што би било првпат во американската историја, доаѓа по неколку неделни преговори меѓу Бајден и републиканците во Претставничкиот дом.

- Претседателот на САД, Џо Бајден, синоќа пред полноќ му ја честита победата на Реџеп Таип Ердоган и повторниот избор за претседател на вториот круг избори во Турција.

-Со нетрпение очекувам продолжување на заедничката работа како сојузници во НАТО, во однос на билатерални прашања и општите глобални предизвици, напиша американскиот претседател на Твитер, не напоменувајќи за неодамнешните тензии меѓу Вашингтон и Анкара.

Државниот секретар Ентони Блинкен исто така го поздрави Ердоган, нарекувајќи ја Турција „ценет сојузник и партнер во НАТО“.

-Со нетрпение очекувам продолжување на нашата заедничка работа со владата избрана од турскиот народ, напиша тој на Твитер денеска.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан