• недела, 16 август 2026
МИА Најави МКД

9 јули 2026

Скопје - Седница на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади. (Сала 6/10:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за образование, наука и спорт. (Сала на Уставна комисија/10:15)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата.(Сала 4/10:30)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. (Сала 5/11:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала 4/12:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала „Борис Трајковски“/12:00)

Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала 6/12:30)

Битола - Премиерот Христијан Мицкоски ќе ја посети фабриката „Кромберг и Шуберт“ во Општина Битола. (12:00) Премиерот потоа ќе изврши увид на градежни активности на реконструкција на нова училишна зграда на ООУ „Коле Канински“ во населбата Буковски ливади, Општина Битола. (13:00) Предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски.

Гевгелија - Заменик-претседателот на Владата и министер за транспрот, Александар Николоски, ќе оствари работна посета  во општина Гевгелија, притоа ќе изврши увид во реконструкција на улица „Маршал Тито”, увид во изградена улица „Новопланирана 7“. (Локација https://maps.app.goo.gl/bxBfWdC7gS1y83uC6/Изјави за медиуми се предвидени во 10:00 часот на улица „Маршал Тито")

Скопје - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и генералниот секретар на Интерпол Валдеси Уркиза кој е во посета на Република Северна Македонија, ќе ја посетат Полициската академија на МВР во Идризово, каде ќе имаат поздравно обраќање пред кадетите на полициската академија и раководството на Министерството. (Полициска академија на МВР/10:00)

Скопје - Прес-конференција на директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Клековски. (Простории на Фондот за здравствено осигурување на Македонија/11:00)

Скопје - Iute Pay Student Innovation Challenge 2026 – WINNER REVEAL EVENT. (Amon Caffe позади Градскиот стадион/17:00)

Битола - Прес-конференција на НУ Центар за култура, за 56. издание на фестивалот „Илинденски денови“. (Центар за култура, фоаје/10:00)

Скопје - Осмо издание на винскиот салон „Вино на штикли“. (Ragusa 360 Rooftop/19:00)

Скопје - Отворање на изложбата „Огледало на срцето – одек на чувствата“ на Марија Чепишева. (Галерија Остен/20:00) 

Скопје - Филмови на Стефан Сидовски - Сидо на програмата „Кинотека на Скопско лето“. (Кинотека на Македонија/20:30)

_______________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***