10 јули 2026
Скопје - Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот во собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала „Борис Трајковски“/12:30)
Скопје - Одбележување на 11 Јули - Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница. (Сала „Борис Трајковски“/10:00)
Тетово - Заменик претседателот на Владата и министер за транспрот, Александар Николоски ќе оствари работна посета во општина Тетово, притоа заедно со градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами ќе изврши увид во реконструираната улица „Штипска". (Изјави за медиуми се предвидени во 10:00 часот на улица „Штипска"/https://maps.app.goo.gl/vBoMWHN9g6x51zpE7?g_st=am)
Скопје - Министерот за здравство, Азир Алиу ќе одржи неформален брифинг со претставници на медиумите. (Three kitchen“, ул.50-та Дивизија/11:30)
Прилеп - Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, заедно со градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, ќе ја посетат новата канцеларија за административни услуги на територијата на Општина Прилеп. („Центар за услуги – ЕТУ Прилеп“/ 11:00)
Кичево - Амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Михаил Рокас, ќе ја посети општина Кичево. (Зграда на Општина Кичево, изјави за медиумите/13:00)
Дојран - Свечено отворање на петтото издание на Фестивалот на балкански и медитерански филмови „Преку езерото“. (Амфитеатар Стар Дојран/20:00/проекција на филмот„Држи се за мене“/21:00)
Битола - Прес-конференција по повод најновата театарска продукција – „Кориолан“, во режија на Џон Блондел. (Народен театар/10:00)
Неготино - Почнува годинашното издание на „МакеДокс“. (Кај Спомен-костурницата/21:00)
Кичево - Прво издание на Кичево Филм Фестивал 2026, настан што ќе обедини филм, музика и уметност под отворено небо.
Скопје - "Unfocus to see" изложба на алтернативни фотографии од отворениот повик на Зрно 2026. (КИЦ/21:00)
_______________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***