15 јули 2026
Скопје - Собранието ќе ја одржи 111 седница. (Сала „Македонија“/11:00)
Скопје - Седница на Национален совет за евроинтеграции. (Сала „Борис Трајковски“/10:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (Сала „Борис Трајковски“/10:00)
Скопје - Седница на Буџетски совет на Собранието. (Сала 6/14:00)
Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, ќе ја посетат Општина Сарај, каде што ќе извршат увид во активностите за регулација на коритото на Сува Река. (Локација https://maps.app.goo.gl/FTLBMMeHAacBWW7n9?g_st=iw /11:00, предвидена е изјава за медиумите)
Куманово - Министерот за одбрана Владо Мисајловски ќе присуствува и ќе се обрати на церемонијата за затворање на Командата на Бригата на Југоисточна Европа во нашата земја. (Касарна „Боро Менков“/10:00, пристигнување на медиумите на влезот во Касарната/9:40)
Скопје - Уставниот суд ќе ја одржи 19. седница. (9:30)
Скопје - Државната изборна комисија ќе одржи јавна седница. (14:30 / седницата ќе се емитува и во живо на Јутјуб каналот на ДИК - https://www.youtube.com/@secmk499/streams )
Скопје - Промоција на мерката „Поддршка за креирање на нови работни места“ – подмерка „Вработување и раст на правни субјекти“, од Оперативниот план за вработување за 2026 година на која ќе присуствуваат претставници на Министерството за економија и труд, на Стопанската комора на Северна Македонија, на Стопанската комора на Северозападна Македонија и на Сојузот на стопански комори на Македонија. (Стопанска комора на Северна Македонија, 3-ти кат, изјави за медиумите/10:30)
Скопје - Промоција на книгата „Автократизацијата во пост-комунистичките демократии: примерите на Унгарија и Македонија“ од Огнен Вангелов. (Културен центар Јадро/19:00)
Скопје - Петско - музички настан насловен „Поетроника“ на Андреја Салпе и Оливер Митковски. (Факултет за ликовни уметности - Сули ан/20:30)
Скопје - Изведба на театарската претстава „Сина сенка“ на Независниот театар Златен Елец. (Едукативен културен центар Лабораториум/20:30)
Скопје - Проекција на филмот „Кајмак“ во режија на Милчо Манчевски. (Кинотека на Македонија/20:15)
Битола - Фестивал „Хармониките“. (Офицерски дом / 20:00 ч.)
_______________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***