МИА Најави - МКД (МКД)
- 14 јули 2026
14 јули 2026
Скопје - Претседателот на Собранието, Африм Гаши ќе оствари средба со британскиот амбасадор, Метју Лосон. (Стар кабинет/14:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала „Борис Трајковски“/14:00)
Скопје - Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас ќе присуствуваат на промоција на нови возила - донација од ЕУ за потребите на Државниот инспекторат за транспорт. (Локација: https://maps.app.goo.gl/i8YHVv2VLNU8251BA?g_st=iv / изјави за медиуми/ 11:00)
Скопје - Прес-конференција на директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Клековски. (Фонд за здравствено осигурување на Македонија/11:00, предвидени се изјави за медиумите)
Скопје - Претседателот на Уставен суд Дарко Костадиновски ќе одржи брифинг со медиумите. (Уставен суд/11:00, предвидена е и изјава од претседателот на Уставен суд Костадиновски)
Скопје - Седница на Судски совет. (10:00)
Скопје - Седница на Совет на јавни обвинители. (10:30)
Скопје - Изјава на независната граѓанска иницијатива „Стоп за Усје“ по средбата со претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање на која ќе се разговара за постапката за издавање на новата А-интегрирана еколошка дозвола за ТИТАН Усје. (пред Министерство за животна редина/16:00)
Скопје - Документирана изложба и концертен настап по повод 10 години Национален џез оркестар, настан насловен „Трага во времето - 10 години Национален џез оркестар“. (Музеј на град Скопје/20:30)
Скопје - Проекција на филмот „Бикини Мун“ во режија на Милчо Манчевски. (Кинотека на Македонија/20:15)
Битола - Шесто издание на меѓународниот камп за традиционална музика „Етно Македонија“, во организација на Музичка младина на Македонија.
Битола - Фестивал „Илинденски денови“ – програма:
-Работилница со уметници од НР Кина „Магично музичко патување низ 24-те сончеви периоди. (Центар за култура, мала сала/11:00)
-Концерт на Симфониски оркестар од Нингбо, НР Кина. (Центар за култура, голема сала/20:00)
-Во рамки на „БитФес“ ќе се одржи фестивал „Хармониките“. (Офицерски дом/20:00)
_______________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***