Меси стана првиот играч во историјата на МЛС кој постигнал девет „дабли“ во една сезона
- Напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси, стана првиот играч во историјата на МЛС кој постигнал девет „дабли“ во една сезона, објави прес-службата на лигата.
Мајами, 12 октомври 2025 (МИА) - Напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси, стана првиот играч во историјата на МЛС кој постигнал девет „дабли“ во една сезона, објави прес-службата на лигата.
Аргентинецот ноќеска постигна два гола против Атланта јунајтед (4:0).
Триесет и осумгодишниот Меси постигна 28 гола и имаше 17 асистенции во 31 натпревар оваа сезона. зс/
Фото: ЕПА