МВР: Приведен 19-годишен скопјанец кој удрил пешак и избегал, возилото е одземено
- Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.С.К., констатирани во ЈЗУ ГOБ „8 Септември“ - Скопје.
Скопје, 7 август 2026 (МИА) - Лишен од слобода е возачот кој во Скопје со „фиат пунто“ удри пешак и избега од местото на настанот, информираа од Министерството за внатрешни работи, додавајќи дека возилото е одземено и следува пријава.
- Полициски службеници од СВР - Скопје вчера го лишија од слобода Н.Н., 19-годишник од Скопје, затоа што на 5 август во 21:20 часот на крстосница од улиците „Борис Сарафов“ и „Крсто Раковски“ во градот, со патничко возило „фиат пунто” удрил во 48-годишната А.С.К. од Скопје и го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.С.К., констатирани во ЈЗУ ГOБ „8 Септември“ - Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР - Скопје и веднаш се преземени мерки за пронаоѓање на возачот и возилото. По насоки на јавен обвинител, Н.Н. е задржан во полициска станица, возилото е одземено и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава - информираа од МВР. бд/вг/
Фото: Фејсбук-страница на Министерството за внатрешни работи