• четврток, 19 ноември 2026

МВР: Приведен возачот кој возеше во спротивна насока на автопатот Скопје - Велес

МВР: Приведен возачот кој возеше во спротивна насока на автопатот Скопје - Велес

Скопје, 5 август 2026 (МИА) - Лишен од слобода е возачот кој возеше во спротивна насока на автопатот Скопје - Велес, следува кривична пријава, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.

- Полициски службеници од Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи на МВР, денеска го лишија од слобода 39-годишниот М.Ш. од село Челопек - Тетово, кој на 2 август, околу 19:20 часот на автопат Скопје - Велес, со патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, се движел во спротивна насока, за што од страна на очевидци беа објавени и фотографии и на социјалните мрежи. По документирање на случајот, против М.Ш. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од КЗ - „безобѕирно управување возило“ и ќе биде изведен пред надлежен јавен обвинител - најавија од МВР.

Оттаму уште еднаш апелираа до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта. бд/дма/

Фото: МВР