• вторник, 23 април 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 2 јуни 2023 (МИА) - На 01.06.2022 во 09.40 часот полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода С.Д.(18) од Битола. При претрес во неговиот дом во Битола, извршен со судска наредба, бил пронајден и одземен кокаин. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 02.06.2023 во 01.20 часот од угостителски објект во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода Б.Б.(30) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Полициски службеници на СВР Тетово ноќеска (02.06.2023) околу 01.20 часот, на ул.„Благоја Тоска“ во Тетово, го лишиле од слобода 23-годишниот тетовец М.Ц., затоа што кај него бил пронајден и одземен кокаин. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок.

На 02.06.2023 во 02.05 часот од угостителски објект во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода Т.К.(29) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 01.06.2023 во 17.20 часот од угостителски објект на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Н.А.(27) и И.Л.(31), двајцата од Скопје, затоа што кај Н.А. била пронајдена и одземена марихуана, а кај И.Л. биле пронајдени и одземени 9 куршуми од пиштол 9 мм. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Вчеравечер (01.06.2023) околу 23.55 часот, на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 18-годишниот С.Р. од гостиварски Добридол. При преглед кај С.Р. била пронајдена и одземена марихуана, по што бил задржан во Полициската станица Тетово за натамошна постапка.

На 02.06.2023 во 01.40 часот пред угостителски објект во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници ја лишиле од слобода М.П.(21) од Скопје, затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 02.06.2023 во 05.40 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.К.(29) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 01.06.2023 во 20.30 часот во училиштен двор во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола лишиле од слобода тројца малолетници од Битола, поради тоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 01.06.2023 во 16.15 часот во Скопје, по преземени мерки и активности од полициски службеници од Единицата за насилен криминал-Одделението за насилен криминал при СВР Скопје, бил лишен од слобода А.И.(24) од Скопје. Тој бил пријавен околу 13.00 часот од 56-годишен скопјанец дека преку мобилна апликација му упатил гласовни пораки со заканувачка содржина. Во координација со Јавен обвинител лицето било приведено и задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен  поднесок, поради основано сомнение дека сторил кривично дело по чл.144 ст.4 од Кривичниот законик.

На 01.06.2023 во 16.00 часот на Граничниот премин Меѓународен aеродром Скопје, при извршена пасошка контрола на Џ.К.Л.(36) од САД и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека за него е издадена мерка „апси“, по телеграма од СВР Скопје. Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (01.06.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 198 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 57 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон при возење, осум за непрописно престројување, три санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло...

На 01.06.2023 во 14.30 часот било пријавено дека на клучка од експресен пат Кочани –Три чешми и излез од експресен пат кон ТИРЗ Штип, патничко возило „мерцедес“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Ј.В.(79), во кое сопатничка била А.В.(78), двајцата од Скопје, излетало од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешка телесна повреда, а А.В. со телесна повреда, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

На 01.06.2023 во 07.45 часот на ул.„Питу Гули“ во Охрид, патничко возило „поло“ со прилепски регистарски ознаки удрило во малолетен велосипедист од Охрид, по што двајцата учесници го напуштиле местото. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, кои му биле констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.06.2023 во 15.00 часот во Полициската станица Аеродром, С.Ц.(75) од Скопје пријавил дека на ул.„Горно Лисиче“ бил каснат од куче скитник.

На 01.06.2023 околу 10.35 часот било пријавено дека на регионален пат Р-1105, на патен правец од с.Јосифово кон с.Пирава, патничко возило „фиат уно“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(56) од с.Пирава, излетало надвор од патот. На местото на несреќата починал возачот Д.Ј.. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Увид извршиле увидна екипа од Полициска станица Валандово и Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено на обдукција.

На 01.06.2023 во 15.50 часот во Полициската станица Аеродром, О.М.(45) од Скопје пријавил дека на ул.„23 Октомври“ бил каснат од куче скитник. вг/

 

 

 

Тагови

Остани поврзан