• четврток, 18 април 2024
МВР Билтен

Скопје, 4 јуни 2023 (МИА) - Во угостителски објект во Градскиот парк во Скопје вчера во 01:40 часот по полноќ, полициски службеници ги лишиле од слобода А.Т.(29) и Т.А.(30), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
                                          
Вчера во 14:40 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Ѓ.(36) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
                                          
Во 10 минути по полноќ на улицата „Коста Абраш“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле П.Д.(21) од Охрид, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож.

По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера во 13:15 часот на граничниот премин Табановце, на излез од државата, биле лишени од слобода О.Е.(26) и Б.У.(41), двајцата од Р.Турција кои приложиле фалсификувани дозволи за престој. 

Во извршениот разговор двајцата изјавиле дека дозволите ги набавиле во Р.Турција за сума од околу 4.000 евра. О.Е. и Б.У. биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Во 17.30 часот вчера на граничниот премин Табановце, при извршена гранична проверка на Н.А.(36) од Косово, кој бил со патничко моторно возило „голф“ со француски национални ознаки, било констатирано дека вин бројот во возилото и типската налепница отстапуваат од оригиналноста на возилото.

Возилото со потврда било одземено, а тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (03.06.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 140 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 50 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 12 санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за возач почетник...

Вчера во 18.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Струмица-Берово, на делницата помеѓу с.Дабиље и с.Петралинци, во близина на крстосницата за с.Сарај, патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.К.(62) од с.Двориште, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката К.К.(58) од с.Двориште, констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.  

Во текот на изминатата вечер (03/04.06), во периодот од 22.00 до 05.00 часот, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Битола беше спроведена засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол.

При контролата санкционирани се 17 возачи, од кои седуммина на подрачјето на градот Битола, исто толку во Прилеп и по еден возач во Ресен, Демир Хисар и Македонски Брод. Во текот на контролите дополнително биле санкционирани и осум возачи за други прекршоци од областа на сообраќајот.

Во 11.50 часот вчера било пријавено дека регионалниот пат Македонски Брод - с.Самоков мотоцикл „бмв“ сопственост на МВР, управуван од полициски службеник, паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил полицискиот службеник, констатирани во Градската болница Прилеп.

Извршен бил увид од Полициската станица Македонски Брод, а известен е и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

Полициски службеници на СВР Тетово на 03/04.06.2023 од 22.00 до 05.00 часот, спровеле акциска контрола - дали и колку од возачите управуваат под дејство на алкохол, во која биле откриени и санкционирани вкупно 14 прекршоци (ТЕ-9 и ГВ-5). Кај еден од возачите (ГВ) биле измерени до 2 промили алкохол во организмот, а сите 14 веднаш се исклучени од сообраќај, изготвени им се поднесоци и ќе се соочат со парични глоби кои се движат од 225 до 275 евра во денарска противвредност.

Покрај ова, тие ќе се соочат, исто така, и со мерка времено одземање на нивните возачки дозволи од три месеци до една година. Санкционирани биле и 23 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-12 и ГВ-11).

Вчера во 22:15 часот било пријавено дека на локалниот пат во с.Лешок, патничко возило „форд ка“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.И.(18) од с.Теарце, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле двајца сопатници, А.Ј.(19) и малолетник, и двајцата од с.Теарце, констатирани во Клиничката болница Тетово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово. бак/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан