• среда, 24 април 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 1 јуни 2023 (МИА) Одделението за криминалистички работи при ЕВР Карпош поднесе кривична пријава против А.Л.(23) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Имено, на 29.05.2023 тој со употреба на сила и алат влегол во плац на улица „Скупи“ и одзел повеќе предмети, додека на 09.04.2023 на истиот начин влегол во плац на правно лице во Скопје, од каде што одзел повеќе предмети. По преземени мерки и активности, вчера (31.05.2023) тој бил лишен од слобода и со него бил извршен службен разговор во Полициската станица Карпош. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против И.И.(33) и М.И.(31), двајцата од село Орашје, општина Јегуновце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“. Во периодот од април 2022 година до април 2023 година, пријавените повеќе пати уценувале 50-годишен жител на Гостивар дека видео разговорите и разменетите пораки со второпријавената, со која бил во љубовна врска, ќе ги пратат на неговото семејство. Со ваквите дејствија тие го принудиле во неколку наврати да им исплати вкупно 10.000 евра преку брз трансфер на пари.  

На 31.05.2023 околу 21:30 часот во гостиварско Пожаране, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Маздрача го лишиле од слобода Ѓ.Ј.(65) од гостиварска Долна Бањица поради сомнение за извршена нелегална сеча и кражба на огревни дрва. Дрвата, за кои немал потребни документи се пронајдени и ѝ се предадени на Шумската полиција. Извршен е увид и се расчистува и документира случајот.

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.С.(45) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „семејно насилство“. На 29.05.2023 во неговиот дом во Скопје, тој физички ја нападнал неговата 49-годишна вонбрачна сопруга. По преземени мерки, на 31.05.2023 тој бил лишен од слобода и со него бил извршен службен разговор. Од страна на судија на претходна постапка му била определена мерка притвор.  

На 01.06.2023 во 02:15 часот во СВР Скопје, Г.Д.(28) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Кисела Вода бил физички нападнат од Б.В.(28) и В.С.(28), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

На 31.05.2023 во 11:30 часот во СВР Скопје, М.Д.(25) од Скопје пријавил дека околу 10:30 часот на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од Н.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 31.05.2023 во 14:30 часот во СВР Скопје, В.В.(44) од Скопје пријавил дека околу 14 часот на паркинг во склоп на Меѓународен аеродром Скопје, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од А.Н.(41) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 31.05.2023 во 18:13 часот во СВР Скопје, А.М.(31) од село Миладиновци, скопско, пријавил дека на 30.05.2023 околу 23 часот во село Миладиновци, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од А.Р. и С.Р.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.    

На 31.05.2023 во 06:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во семејниот дом била пронајдена почината И.Р.К.(33). Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било предадено за обдукција.

На 01.06.2023 во 00:10 часот во СВР Велес, Н.Ш.(25) од Велес пријавил дека на 31.05.2023 околу 22 часот на улица „8 Септември“ во Велес четири лица физички го нападнале и му одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 31.05.2023 во ОВР Кичево, Ф.Н.(34) од Прилеп пријавила дека на улица „Загорје“ во Кичево нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.П.(36) од Гевгелија и Е.К.(28) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 23.09.2022 во Куманово, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „ауди а6“ и кај пријавените, кои се превезувале во возилото, при што кај Д.П. биле пронајдени и одземени хероин и марихуана, додека кај второпријавената Е.К. била пронајдена и одземена марихуана.

На 31.05.2023 во 20:30 часот во кругот на касарна „Илинден“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Карпош ги лишиле од слобода А.Ф.(23) и С.А.(21), двајцата од Мароко, поради неовластено влез во кругот на касарната. Тие биле спроведени во Привремен транзитен центар Табановце за понатамошна постапка.  

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.А.(19) од село Градец, општина Врапчиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурсори“. На 06.01.2022 во село Градец, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против правно лице - станица за технички преглед, Д.Н.(49), Ф.Н.(38) и С.Г.(60), сите од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 23.08.2018 во Свети Николе, пријавените Д.Н. и Ф.Н., вработени во правното лице, во име на правното лице изготвиле записник за техничка исправност на полуприколка сопственост на друго правно лице од Свети Николе и барање за продолжување на регистрација и покрај тоа што не извршиле технички преглед на полуприколката. Вака изготвените документи, третопријавениот С.Г. ги употребил како вистински во Отсекот за управни работи во Свети Николе и ја регистрирал полуприколката.

Денеска (01.06.2023) во 14:40 часот на улица „Менделеева“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Гази Баба го лишиле од слобода Н.В.(50) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде предадено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар денеска (1 јуни) околу 9 часот и 50 минути по распишана потрага и со судска наредба во Гостивар го привеле 60-годишниот Л.Ф. од гостиварско Форино за издржување мерка притвор. Набргу по приведувањето Ф.Л., кој бил во бегство неколку месеци, спроведен е во Казнено-поправната установа Затвор „Скопје“ во Скопје.

Денеска (1 јуни) во 6 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 28-годишниот гостиварец Д.Н., кој претходно бил пријавен од неговата 49-годишна мајка дека во семејната куќа физички ја нападнал. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.

Педесет и четиригодишниот гостиварец Г.Ј. денеска (1 јуни) во СВР Тетово пријавил дека на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар бил каснат од куче скитник. ар/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан