• понеделник, 23 јуни 2025

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 17 мај 2025 (МИА) - На 16/17.05.2025 на различни локаци во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода С.К.(23) од Скопје, Ф.А.(22), М.А.(18) и  С.Г.(21), тројцата од с.Огњанци, скопско, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.П.(43) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’. На  11.05.2025 во Куманово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана, амфетамин и дигитална вага со остатоци од марихуана и амфетамин.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против С.С.(40) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 13.03.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Л.(63) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца’’. На 14.04.2025 во Дебар, пријавениот бил затекнат како со патничко  возило вршел јавен превоз на патници без да поседува лиценца издадена од надлежен орган.

На 16.05.2025 во 21.01 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода М.О.(31) од с.Сенокос , општина Врапчиште, затоа што при гранична контрола било констатирано дека врз основа на судска наредба бил баран од Секторот за меѓународна полициска соработка - Отсек потраги за издржување затворска казна. Лицето било предадено во СВР Куманово, по што ќе биде спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

На 16.05.2025 во 23.30 часот на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници ги лишиле од слобода O.E.(22) и Д.М.Б.(24), двајцата од Република Турција, затоа што при гранична контрола било констатирано дека имаат два последователни излези, а немале влез и дека во патните исправи имале штембили за кои постои сомнение дека се фалсификувани. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 15.05.2025 во 14.35 часот во СВР Скопје, Д.Б.(45) од Скопје пријавила дека околу 14.30 часот на паркинг простор пред угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, поради претходно недоразбирање во сообраќајот, била физички нападната од едно женско лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.05.2025 во 10.00 часот во СВР Скопје, Д.П.(67) од Скопје пријавил дека во периодот од 01.02.2025 до 14.05.2025 од гробно место од Градските гробишта Бутел со употреба на сила и погоден алат била одземена биста со лик на неговата почината мајка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.05.2025 во 12.00 часот во  Полициското одделение Шуто Оризари било пријавено дека од згрижувачко семејство на Р.Н. од Скопје се оддалечил неговиот штитеник Н.С.(13), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 16.05.2025 во 23.00 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Д.(18) од СКопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 16.05.2025 во 14.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода В.И.(69) од Свети Николе. Тој претходно од тераса на својата куќа на ул.„Питу Гули“ пукал од воздушна пушка кон неколку деца кои береле цреши од цреша во неговиот двор.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава член 288 од Кривичниот законик - „предизвикување општа опасност“.

Во СВР Тетово, вчера во 19 часот 59 – годишник од Тетово пријавил дека од В.К.(46), во присуство на С.С.(47), двајцата од Тетово, во текот на 2014 година зел парични средства со камата во износ од 25.000 евра. Според пријавеното, после тоа, во текот на изминатите години се до пријавувањето, за подмирување на камати и долгот вкупно им исплатил повеќе од 150.000 евра, односно без негова согласност му биле продадени два станови, од кои еден во Тетово и еден во Охрид, а кои ги ставил како гаранција со нотарски акт за долгот. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

На 16.05.2025 во 18.20 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода М.Ј.(60) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека околу 16.30 часот во с.Велмеј, општина Дебрца, се обидел со остар предмет да го нападне З.Ј.(55) од с.Велмеј и се заканувал на неговата сопруга К.Ј.(50). По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 16.05.2025 во 23.12 часот во СВР Скопје, А.С. од Скопје пријавил во периодот од 19.00 до 23.00 часот со употреба на сила било влезено во неговата куќа и биле одземени накит, пари и други предмети, по што пред куќата одзел и патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на правно лице. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 16.05.2025 во 12.30 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода Д.К.(37) од Пробиштип поради основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. Тој бил спроведен во Полициската станица Пробиштип каде бил задржан во врска со судска наредба за приведување и спровод во Казнено – поправната установа Затвор Струмица.

На 16.05.2025 во 11.00 часот во СВР Скопје, 34-годишна жена од Скопје пријавила дека на 15.05.2025 пред зграда на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг Е.Ј.(41) од Скопје. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 15.05.2025 во 17.35 часот во СВР Скопје, 27 -годишна жена од Скопје пријавила дека на 14.05.2025 на подрачјето на Карпош, едно лице физички ја нападнало откако не му дозволила да ја прегрне. Се работи на расчистување на случајот. 

фото:МИА архива 

 

 

Тагови

Остани поврзан