• петок, 27 септември 2024

Малку е веројатно дека Трамп ќе се сретне со Зеленски за време на неговата посета на САД

Малку е веројатно дека Трамп ќе се сретне со Зеленски за време на неговата посета на САД

Њујорк, 25 септември 2024 (МИА) - Малку е веројатно дека ќе има средба меѓу поранешниот американски претседател и републиканскиот кандидат на претстојните претседателски избори, Доналд Трамп и претседателот на Украина, Володимир Зеленски, за време на посетата на украинскиот претседател на САД.
По обраќањето на Генералното собрание на ОН, Зеленски ќе има билатерални средби со американскиот претседател Џозеф Бајден и со американската потпретседателка и демократски кандидат Камала Харис, објави Политико

минатата недела Трамп објави дека „веројатно“ ќе се сретне со Зеленски за време на посетата на украинскиот претседател на САД.

Сепак, официјален претставник од изборниот штаб на Трамп вчера за Политико потврди дека средба не била закажана. зш/

Остани поврзан