• среда, 25 септември 2024

Ловен повторно номиниран за премиер на Шведска

Ловен повторно номиниран за премиер на Шведска
Стокхолм, 5 јули 2021 (МИА) – Стефан Ловен, кој минатата недела поднесе оставка од функцијата премиер на Шведска, откако на неговата Влада и беше изгласана недоверба, има можност да ја врати функцијата. Претседателот на Парламентот, Андреас Норлен, денеска на прес-конференција рече дека повторно го предлага Ловен за оваа функција и оти гласањето ќе се одржи во среда. Ловен рече дека повторно може да формира коалициска влада. Ловен на 28 јуни ја соопшти својата оставка на функцијата, една недела откако му беше изгласана недоверба во парламентот. Гласањето недоверба беше ставено на дневен ред откако партијата Левица ја повлече поддршката за малцинската влада на Ловен поради судир околу предложените реформи на шведскиот пазар за изнајмување. Ова беше првпат еден шведски премиер да ја изгуби власта преку изгласување недоверба. По него, кандидат за нов премиер на Шведска беше ултрадесничарот Улф Кристерсон, кој брзо се откажа од обидот за формирање влада по падот на левоцентристичката влада. – Парламентарни услови за формирање нова влада на десниот центар не постојат, потврди Кристерсон на прес-конференција. јт/

Остани поврзан