Курти: Разговарав со Борел за постизборниот процес во северно Косово
- Косовскиот премиер Албин Курти соопшти дека имал телефонски разговор со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Жозеп Борел на актуелни теми, вклучително и постизборниот процес во општините во северно Косово.

Приштина, 29 мај 2023 (МИА) – Косовскиот премиер Албин Курти соопшти дека имал телефонски разговор со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Жозеп Борел на актуелни теми, вклучително и постизборниот процес во општините во северно Косово.
- Избраните градоначалници на северот ќе даваат услуги за сите граѓани, напиша Курти на Твитер по полноќ.
Тој додаде дека е важно да се интензивира дијалогот за целосно спроведување на Основниот договор меѓу Србија и Косово. јт/
Фото: Твитер