• четврток, 19 ноември 2026

Куманово привремено ќе го депонира сметот во Дрисла

Куманово привремено ќе го депонира сметот во Дрисла

Куманово, 11 октомври 2026 (МИА)  Сметот од Куманово од вечерва привремено ќе се транспортира и депонира на депонијата Дрисла во Скопје, информираа од ЈП „Чистота и зеленило“, и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

Димитриевски се заблагодари на премиерот Христијан Мицкоски како и на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и менаџерскиот тим на Дрисла за поддршката во надминувањето на проблемот со транспортот и депонирањето на отпадот.

– Продолжуваме интензивно со санација на депонијата Краста и надминување на проблемот. Во мое лично име и во име на менаџерскиот тим на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово, се извинувам на моите сограѓани кои поради блокадата на нашата депонија се соочуваат со сериозен проблем, кој ќе биде надминат во најбрз можен рок – наведува Димитриевски во објавата на неговиот фејсбук профил. ам/вг/

Фото МИА