• вторник, 03 декември 2024

Крипто бос ја изеде бананата-уметничко дело купено за 6,2 милиони долари

Крипто бос ја изеде бананата-уметничко дело купено за 6,2 милиони долари

Хонг Конг, 29 ноември 2024 (МИА) - Крипто-претприемачот Џастин Сан денеска го исполни ветувањето што го даде откако потроши 6,2 милиони долари на уметничко дело - банана залепена со лента за ѕид - јадејќи го овошјето.

Во еден од најскапите хотели во Хонг Конг, Сан  пред десетици новинари и инфлуенсери откако одржа говор во кој го поздрави делото како „иконско“ и повлече паралели помеѓу концептуалната уметност и криптовалутата - ја изеде бананата.

„Ова беше многу подобра од други банани...Навистина е добар вкус“, рече Сан. зш/
фото ЕПА

  

Остани поврзан