• сабота, 15 август 2026

Комуналните инспектори на Струмица затекнале три лица кои вршеле нерегистриран откуп на стари предмети

Комуналните инспектори на Струмица затекнале три лица кои вршеле нерегистриран откуп на стари предмети

Струмица, 15 јули 2026 (МИА) - Комуналните инспектори на Струмица затекнале три лица кои вршеле нерегистриран откуп на стари предмети од домаќинства и истите понатаму ќе ги расклопувале за да го издвојат металот, соопштија од локалната самоуправа.

Во соопштението се наведува дека од страна на општински комунални инспектори при вршење на надзор на улица Антон Панов, улица која од страна на општинските инспекциски служби е детектирана како локација каде е најчеста појавата на нелегално складирање, постапување и трговија со отпад, се затекнати три лица со две товарни моторни возила натоварени со голема количина на отпад од стари електрични предмети од домаќинство, со цел нивно понатамошно расклопување заради екстракција на металите кои ги содржат, со цел стекнување со противправна парична корист.

-По утврдување на идентитетот на затекнатите утврдено е дека станува збор за лица кои подолг временски период вршат нерегистрирана дејност на откуп на стари предмети од домаќинствата, без да поседуваат соодветна дозвола и без да бидат регистрирани во соодветен регистар за постпаувачи со отпад, се наведува во соопштението.

Се додава дека лицата се предадени на полицијата- отсек за економски криминалитет при Биро за јавна безбедност-СВР Струмица на нивно понатамошно постапување. рт/дма/

Фото: Општина Струмица