• недела, 22 септември 2024

Камбоџа се повлече од договорот за регионален развој

Камбоџа се повлече од договорот за регионален развој

Пном Пен, 21 септември 2024 (МИА) - Камбоџанскиот премиер Хун Манет ја повлекува својата земја од развојниот договор со соседните Виетнам и Лаос по поплаките дека тоа е во корист на странските интереси.
Критичарите на социјалните мрежи се фокусираа на концесиите за земјиште во пограничните области, особено со Виетнам, многу чувствително прашање поради историскиот антагонизам на Камбоџа кон нејзиниот поголем источен сосед.

Властите уапсија најмалку 66 лица пред планираниот митинг во август за да се осуди областа на развојниот триаголник Камбоџа-Лаос-Виетнам.По веќето подоцна беа ослободени, но водачите се соочуваат со обвиненија.

Договорот, формализиран во 2004 година, имаше за цел да ја олесни трговијата и миграциската соработка во четирите североисточни провинции на Камбоџа и пограничните области во Лаос и Виетнам.

Хун Манет ги нарече групите кои се противат на договорот екстремисти и рече дека го користат ова прашање за да ја клеветат и нападнат владата и да ја збунат јавноста. зш/

Остани поврзан