Казни за 149 возачи на мотоцикли
- Во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, вчера во периодот од 14 до 19 часот казнети се 149 возачи.

Скопје, 29 мај 2023 (МИА) - Во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, вчера во периодот од 14 до 19 часот казнети се 149 возачи.
Од нив, соопштија денеска од МВР, 88 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 40 возеле без возачка дозвола, а санкционирани се и други прекршоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. цр/дма/
Фото:МИА