• среда, 14 мај 2025

Иран нуди посредување во спорот помеѓу Индија и Пакистан

Иран нуди посредување во спорот помеѓу Индија и Пакистан

Техеран, 26 април 2025 (МИА) – Иран, кој има добри односи и со Индија и со Пакистан, денеска се понуди да посредува за намалување на тензиите помеѓу двете земји.

Индија го обвини Пакистан за терористичкиот напад на 22 април во Кашмир, при што загинаа 26 луѓе.

- Иран е подготвен да ги интензивира своите напори на добра волја за да помогне во смирување на тензиите, се наведува во денешното соопштение на иранското Министерство за надворешни работи.

Шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи вчера на платформата Икс објави дека Техеран е „подготвен да помогне“ во решавање на кризата.

И Индија и Пакистан сакаат целосна контрола над Кашмир. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан