• вторник, 23 април 2024

Изречени 154 казни за сообраќајни прекршоци во Скопје, 21 за брзо возење

Изречени 154  казни за сообраќајни прекршоци во Скопје, 21 за брзо возење

Скопје, 31 мај 2023 (МИА) - Секторот за внатрешни работи Скопје вчера на територија на град Скопје изрече вкупно 154 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 21 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 25 санкции за прекршоци што ги чинат возачи на моторцикли.

Како што соопшти утрово МВР, изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, 10 за непрописно престројување, четири санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло...

ОД МВР информираат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот. дма/са/

 

Фото: МИА архива


 
 

Остани поврзан