Израелската армија ја проширува антитерористичката офанзива во северниот дел на Западниот Брег
- Израелската армија соопшти дека ја проширува антитерористичката операција во северниот дел на окупираниот Западен Брег и оти војниците синоќа почнале да дејствуваат во кампот Нур Шамс во близина на Тулкарем

Тел Авив, 9 февруари 2025 (МИА) – Израелската армија соопшти дека ја проширува антитерористичката операција во северниот дел на окупираниот Западен Брег и оти војниците синоќа почнале да дејствуваат во кампот Нур Шамс во близина на Тулкарем.
Во соопштението се наведува дека војниците досега елиминирале неколку терористички оперативци во областа и привеле.
Офанзивата, наречена „Операција железен ѕид“, почна на 21 јануари и се предвидува да трае уште неколку недели. ми/
фото: ЕПА