• петок, 19 јули 2024

Изложба на Андреа Коралес од Шпанија во галерија „КО-РА“

Изложба на Андреа Коралес од Шпанија во галерија „КО-РА“

Скопје, 24 април 2023 (МИА) - Во галерија „КО-РА“ во Ј.У Дом на култура „Кочо Рацин“ во Скопје е отворена изложба на Андреа Коралес од Шпанија.

Ова гостување како што информираат од Галеријата е реализирано на иницијатива на  Интернационалниот Балкански Универзитет од Скопје, Канцеларија за меѓународна соработка, а во рамки на Неделата на меѓународната размена на професори и студенти од повеќе универзитети од светот.

- На отворањето на изложбата и излагањето на уметницата и професор Андреа Коралес од Шпанија, беа присутни претставниците од Интернационалниот Балкански Универзитете од Скопје,  како и професори од Словачка, Турција, Малезија, Чешка и други,  ликовни уметници и  културни дејци. свс/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан